Во шпанската Ла Лига во терминот од 19:00 часот се одиграа два натпревари.
Виљареал славеше победа во натпреварот против Еспањол на гостински терен со 1:2. Гостите беа подобар противник во првото полувреме, но сепак Еспањол прв дојде до водство и тоа од првиот удар кон противничкиот гол.
Џофре погоди во првата минута од судиското продолжение, Виљареал сепак не дозволи со негатива да оди на пауза. Перез во последните моменти од првиот дел погоди за 1:1.
Истиот играч по еден час игра постигна гол со кој и донесе победа за својот тим.
Лас Палмас и Бетис ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1. Молеиро по девет минути игра ги доведе домаќините во водство, додека Ло Селсо во завршницата од првиот дел израмни на 1:1.
Во вториот дел не видовме погодоци, па тој резултат се покажа и како конечен.