55
Бразилецот Винисиус Жуниор во овој момент е еден од најдобрите фудбалери во светот и важи за главен фаворит за „Златната топка“ на церемонијата која ќе се одржи во понеделник во Париз.
Сега Винисиус откри кој клуб е негова „слаба точка“ и од кој не би одбил понуда ако го повика.
„Не би имал проблем цела кариера да ја поминам во Реал Мадрид, но мојот омилен клуб е Фламенго. Се заљубив во Мадрид, меѓутоа ако се појави опција да го облечам дресот на Фламенго веројатно ќе го направам тоа“, изјави Винисиус.
Во Реал Мадрид Винисиус пристигна во 2018 година и со „кралевите“ има договор до 2027 година. Неодамна се шпекулираше дека пред него има астрономска понуда од Саудиска Арабија.