Германскиот фудбалер и долгогодишен член на Реал Мадрид, Тони Крос денеска објави дека заминува во фудбалска пензија, а еден од првите кои се огласија по објавата е неговиот соиграч Винисиус Жуниор.
Бразилецот од својот повозрасен колега се збогуваше преку социјалните мрежи објавувајќи заедничка фотографија со порака.
„Гениј, тоа зборот кој е најблизок за човек да може да те опише. Сепак и тоа е далеку од она што навистина го заслужуваш. Денеска е тажен ден за мене и навивачите на Реал, меѓутоа и за фудбалот генерално. Можеше да дадеш и повеќе, меѓутоа те разбирам. Ти благодарам за секое додавање, секој совет и што ми овозможи да учам од тебе низ годините. Ти си една прекрасна личност“, гласи пораката на Винисиус.
Последниот натпревар пред навивачите на Реал Мадрид Крос ќе го одигра викендов против Бетис, додека за последен пат дресот на „кралевите“ ќе го облече во финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 1. јуни на „Вембли“.