Вилата од 11 милиони евра која ја купи Мбапе во Мадрид (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Килијан Мбапе веќе потпиша за Реал Мадрид каде што и спектакуларно беше претставен на „Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 гледачи.

Во Мадрид Мбапе ќе престојува во вилата која престојуваше Герет Бејл кој до 2022 година играше за Реал Мадрид пред да замине во САД.

Вилата има парцела од 3.000 квадратни метри и се наоѓа во луксузна населба на 13 километри од центарот на Мадрид. Таму се наоѓаат хотели и голф терени, а во близина на вилата се наоѓаат имоти на сегашни и поранешни фудбалери како Трони Крос, Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан.

Резиденцијата има два базена, еден внатрешен, еден надворешен, мала кино сала, фудбалско и коошаркарско игралиште, голф терен, неколку тераси, гаража за шест автмобили…Самата куќа е 1.100 метри квадратни, а во неа има и осум спални соби и 11 купатила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани