Виктор Осимен е најголем губитник во летниот преоден рок!

by 24 фудбал
1 минути читање

Трансфер сагата околу Виктор Осимен беше една од најлудите овој летен трансфер рок. Сепак, вреди да се каже дека веројатно Нигериецот е најголемиот губитник ова лето.

Веднаш беше јасно дека Осимен сака трансфер од Наполи. Тоа не му се допадна на Антонио Конте и италијанскиот стручњак по доаѓањето на клупата веднаш го „прецрта“ фудбалерот. Тогаш почнаа преговорите, шпекулациите и поврзувањата со европските гиганти. Сепак, бргу заинтересираните клубови се откажаа од идејата поради високите барања на Наполи, но и самиот фудбалер.

Во последната седмица од преодниот рок се влезе со две идеи. Едната беше Челси кој троши неброено (иако во овој случај не се залета), како и Ал Ахли од Саудиска Арабија. Агентот на Осимен ги претстави барањата на двете заинтересирани страни, очекувано понудата од Блискиот исток беше повисока, но Ал Ахли беше само алтернатива за Осимен. Тоа на крајот му се одби од глава бидејќи Ајван Тони пристигна во клубот и го зафати неговото место. Тогаш и Челси му понуди помала плата од таа во Наполи.

Ситуацијата е крајно лоша за Осимен кој веројатно ќе мине шест месеци на трибина. Наполи и Конте нема да му простат. Нигерискиот напаѓач не е пријавен за натпреварите во Серија А и нема право да игра барем во првата полусезона.

Освен тоа, дополнителен удар кон Осимен е и фактот дека клубот му го одзеде бројот 9 и истиот ќе го добие Ромелу Лукаку…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани