Виеира доаѓа во Џенова, а тоа е проблем за Балотели: „Тој не е ментално подготвен за да биде дел од тимски спорт“

by 24 фудбал
1 минути читање

Патрик Виеира ќе го наследи Алберто Џилардино на клупата на италијанскиот прволигаш Џенова.

Француската фудбалска легенда доаѓа во калчото откако во кариерата се проба во Франција, Англија и САД. Тој тргна преку резервниот тим на Манчестер Сити, па работеше во Њујорк и потоа доби шанса во Ница. Стигна повикот од Кристал Палас, а минатата сезона го предводеше Стразбур.

Сега Виеира ќе седне на клупата на Џенова и интересно е дека пак во кариерата ќе соработува со Марио Балотели. Тие беа соиграчи во Манчестер Сити на крајот на неговата кариера, а потоа соработуваа како тренер-играч во Ница. Во април 2020 година Виеира имаше коментар за Балотели, додека соработуваа во Ница.

Балотели ментално не е ситуиран за да биде дел од тимски спорт како фудбал. Во Ница сакав да наметнам специфична филозофија, а тоа се базираше на сплотеност и работна етика. Беше навистина тешко да се работи со него, ситуацијата стана уште понеодржлива за двете страни и моравме да се разделиме“, кажа Французинот тогаш.

Коментар за ова имаше и самиот Балотели во април оваа година:

Проблемот со Виеира е тоа што неговиот стил не ми одговара. Добро се сложив со него, ама немавме иста фудбалска визија. Ако не беа тие проблеми, воопшто немаше да заминам од Ница“.

Балотели пак може да се најде во проблем, откако неодамна пристигна во Џенова и почна да игра за овој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани