Со завршувањето на сезоната 2023/24 официјално заврши професионалната кариера на еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот. Борче Маневски одлучи да ги „закачи копачките на клин“ и да започне тренерска кариера.
38-годишниот Маневски заминува во пензија со голема трага во македонскиот фудбал, настапувајќи за Пелистер, Победа, Работнички, Вардар и Милано Куманово.
Зад себе Маневски има богата кариера и интернационални настапи во Балкани (Косово), Пемброк и Балзан (Малта), Чаинат и Трат (Тајланд), Банат Зрењанин (Србија) и Горник Лехна (Полска), а исто така забележа и четири настапи за сениорскиот тим на Македонија. Во продолжението од кариерата Маневски ќе биде помошник во Пелистер.
Битолскиот клуб најави и дека во наредниот период ќе организира ревијален натпревар со кој ќе го испрати Маневски во пензија.