224
Репрезентативецот на Белгија, Аксел Витсел непосредно пред Европското првенство парафира нов договор со екипата на Атлетико Мадрид,
35-годишникот и следната сезона ќе настапува за екипата од „Ванда Метрополитано“. Веројатно сè беше завршено пред одредено време, но се чекаше за објава на потписот на договорот.
Витсел пристигна во Атлетико Мадрид во 2022 година и стана важен дел од тимот на Диего Симеоне. Тој минатата сезона одигра 51 натпревар за клубот од Мадрид.
Инаку, во кариерата Витсел настапуваше и за Борусија Дортмунд, Тијанџин, Зенит, Бенфика и Стандард.