Вест Хем ќе му даде нов договор на Антонио и покрај сообраќајката?

by riste
1 минути читање

Вест Хем неодамна направи тешка сообраќајна несреќа поради која долго време ќе биде надор од теренот, но и покрај тоа клубот ја разгледува можноста да му даде нов договор.

Актуелниот договор на Антонио со Вест Хем истекува по крајот на сезоната, по што тој би останал слободен играч.

Антонио беше опериран од скршеница на ногата во сообраќајката, а тоа значи дека долго ќе биде надвор од теренот.

„Тајмс“ пишува дека Вест Хем е подготвен да му даде нов договор на Антонио, но прво ќе почека уште некое време со цел да види дали играчот воопшто и ќе ја продолжи кариерата.

Од неговата здравствена состојба ќе зависи дали ќе добие нов договор од Вест Хем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани