Венецуела на коло пред крајот си обезбеди четвртфинале на Копа Америка откако со 1-0 славеше над Мексико, Еквадор со 3-1 ја совлада Јамајка.
Единствениот гол на дуелот меѓу Венецуела и Мексико го постигна Рондон од пенал во 57. минута од натпреварот.
Венецуела по два меча собра шест бода и обезбеди четвртфинале, а заверено им е и првото место.
Еквадор со 3-1 ја совлада Јамајка и во последното коло во директен дуел со Мексико ќе се бори за место во нокаут фазата. Нив ќе им одговара и нерешено поради подобрата гол разлика.
Еквадорците поведоа рано, во 13. минута Палмер си даде автогол за водство од 1-0, а во финишот од првото полувреме Паез од пенал зголеми на 2-0.
По девет минути игра во вториот дел Антонио намали на 2-1 и ја врати Јамајка во игра, а конечните 3-1 беа поставени во судиското продолжение од натпреварот, стрелец беше Минда.