Бурни реакции во јавноста предизвика пеналот кој го доби Англија против Холандија од кој Кејн во 15. минута донесе изедначување за неговата репрезентација.
Многумина сметаа дека судијата Феликс Цвајер погреши со одлуката да има пенал бидејќи топката Кејн веќе ја шутна, па ударот дојде подоцна.
Но, ВАР експертот Дејл Џонсон даде објаснување зошто во оваа ситуација судијата бил во право.
„Зошто на судијата му беше сугерирано дека ова е пенал? Поради природата на стартот на Дамфрис кој стартуваше со отворен ѓон кон Кејн додека англискиот напаѓач се обидуваше да шутира. Тоа се смета за невнимателен и безобразен старт и воедно поради тоа на Холандија и беше покажан жолт картон. Ваквите безобразни или опасни стартови се единствената ситуација во која судиите може да досудат пенал и по ударот“, објасни Џонсон.