Вардар им се обрати на навивачите кои ќе сакаат во живо на „Градски“ да бидат присутни на саботниот натпревар против Шкупи.
Соопштението на клубот ви го пренесуваме во целост:
„По одржаниот состанок со претставниците на МВР и ФФМ, а во врска со натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра во сабота од 13:00ч. на Арената ,,Тодор Проески”, донесени се следните одлуки:
🎟️Билети ќе се продаваат исклучиво пред југозападниот влез на стадионот, кој воедно ќе биде и единствено отворен за посетители.
Цената на билетите изнесува:
100 денари со членска карта
200 денари без членска карта
🧭 Посетителите натпреварот ќе може да го проследат од јужната, односно западната трибина на стадионот.
✖Внесување на тврди предмети(запалки, лименки, шишиња, монети, пиротехнички средства, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
🥤Во под трибинскиот простор на јужната, односно западната трибина, ќе бидат поставени штандови за продажба на пијалоци, кои ќе работат во текот на целиот натпревар.
👉Ги молиме сите посетители да се придржуваат до наведените правила!“, се вели во соопштението.