Денеска се игра 9. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар ќе има уште една тешка задача, на „Градски“ доаѓа актуелниот шампион на Македонија, тимот на Струга, Шкендија која во моментов е на првото место на табелата му гостува на Силекс во Кратово.
По дебаклот во Тетово од екипата на Шкендија, Вардар ќе се обиде да се рехабилитира против Струга, но и овој тим е поквалитетен од црвено-црните. Стружани сакаат да го сочуваат тронот, добро се засилија во летниот преоден рок и на секој меч атактуваат на трите бода.
Ова ќе биде и дуел на Струга против нивниот поранешен тренер Срѓан Захариевски. По неговото доаѓање во Вардар, скопскиот тим покажа живост, но брзо потоа врза два порази во низа, од Силекс и Шкендија.
Токму овие две екипи денеска имаат меѓусебен дуел, Силекс ја пречекува Шкендија на стадионот во Кратово. Тетовскиот тим е лидер на табелата во ПМФЛ, а тимот на Васоски е на високото четврто место и веќе покажа дека против секој може да освојува бодови.
Шкупи со нов тренер ќе ја пречека Брера. Алпарсан Ердем денеска дебитира на кормилото на чаирчани, тој е третиот стратег оваа сезона кој ќе се обиде да донесе подобри резултати.
Во Битола интересен ќе биде дуелот меѓу Пелистер и Тиквеш, а во Маџари Гостивар е фаворит против Беса, во ова коло уште се среќаваат и екипите на Воска и Работнички.
Сите натпревари почнуваат од 14 часот.
ПМФЛ 9. коло:
Вардар – Струга
Силекс – Шкендија
Шкупи – Брера
Пелистер – Тиквеш
Гостивар – Беса
Воска – Работнички
Табела: Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 6, Воска 5.