Денеска на програмата е седмото коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар на градски во вечерен термин ќе го пречека Силекс, а интересно ќе биде и во Маџари каде ќе играат Гостивар и Шкендија.
По ремито против Гостивар и победата кај Тиквеш во Кавадарци, Вардар со зголемена самодоверба ќе го пречека Силекс. Колото се игра во работен ден, па со цел да има повеќе публика, раководството на црвено-црните се одлучи за вечерен термин, мечот ќе почне од 20 часот.
Во изминатите шест кола Силекс има половичен учинок, три победи и исто толку порази. Момците на Васоски имаат квалитет но играат променливо. Вардар од кој имаат само два бода повеќе ќе биде мотив за победа, но црвено-црните ќе сакаат да го искористат домашниот терен и да ја продолжат добрата форма во која влегуваат.
Дуелот меѓу Гостивар и Шкендија кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, е дуел на две екипи кои немаат пораз по првите шест кола. Тетовскиот тим е лидер со 14 бода, гостиварци со два бода помалку се трети.
Работнички во моментов ја држи втората позиција, романтичарите денеска му гостуваат на Пелистер во Битола. Пелистерци во минатото коло ја совладаа Беса, па со зголемена самодоверба и цел за трите бода ќе влезат во денешната пресметка со дебармаалци.
Шкупи кој покажа мускули во претходното коло во Струга, би требало денеска да има лесна задача, на Чаир го пречекува тимот на Беса.
Брера во Струмица го пречекува Тиквеш, а се игра и езерското дерби меѓу Воска и Струга.
Натпреварите почнуваат од 15 часот, освен дуелот меѓу Вардар и Силекс кој започнува од 20 часот.
ПМФЛ 7. коло:
Вардар – Силекс
Гостивар – Шкендија
Пелистер – Работнички
Шкупи – Беса
Брера – Тиквеш
Воска – Струга
Табела: Шкендија 14, Работнички 12, Гостивар 12, Струга 10, Силекс 9, Шкупи 8, Пелистер 8, Вардар 7, Брера 7, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4.