273
Последното место во Првата македонска фудбалска лига ќе го заземе победникот од баражот, а во него силите ќе ги одмерат скопски Вардар и Детонит Плачковица од Радовиш.
Стандардно, натпреварите од баражите во Македонија се играат на неутрален терен. Домаќин на бараж натпреварот овојпат ќе биде градот Струмица и стадионот „Младост“, кој е еден од посолидните во земјава. Пресметката е закажана за в недела во терминот од 17:00 часот на струмичкиот стадион.
Вардар ќе се бори за да го одбрани прволигашкиот статус, а екипата од Радовиш за историско место во Првата македонска фудбалска лига.