Вардар водеше, но одигра нерешено против славниот Свонси!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар одиграа нерешени 1-1 против поранешниот англиски премиерлигаш Свонси. Натпреварот меѓу англискиот и македонскиот клуб се одигра во германскиот град Фридберг, а нашиот тим успеа да извлече позитивен резултат.

Вардарци први дојдоа до погодок во Германија, откако новото засилување Џибрил Дианеси го пронајде патот до мрежата во 21. минута од натпреварот. Се играше со мирно темпо и до полувремето немаше резултатски промени.

Свонси успеа да израмни со голот кој падна во 61. минута од натпреварот. Стрелец за членот на англиската Чемпионшип лига беше Франко.

Ова беше прво реми во подготовките на Вардар, откако претходно ги победија Мура и Чарда Мартјанци, а загубија од Бистрица и Динамо Загреб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани