119
Второлигашот Вардарски од Богданци ќе има нов тренер за продолжението од сезоната.
По поразот од Беласица и петте неуспеси во низа Васе Беќаров си поднесе оставка од функцијата. Поради тоа повратникот во ВМФЛ мораше да пронајде ново решение за клупата.
Нов тренер на Вардарски ќе биде Ѓоре Јовановски. Поранешниот селектор на Македонија ќе се обиде да избори опстанок со клубот од Богданци.
Јовановски има огромно искуство, работеше во Вардар, Работнички, Беласица, Шкендија, Брегалница, Милано, Слога, Металург, ЦСКА Софија, Кожуф, Самсунспор и Ал Батин.