108
Рафаел Варан изминатото лето се пресели во Комо, но поради повредата не заигра во Серија А, во меѓувреме реши да се пензионира иако има само 31 година, сепак ќе остане во италијанскиот клуб.
Варан потврди дека останува во Комо, но во друга улога, засега не е познато во која.
„Ќе имам поинаква улога од тоа што беше ппланирано, но не можам да дочекам да почнеме да градиме заедно. Се гледаме во Комо наскоро“, изјави Варан.
Од клубот на ова му реплицираа: „Дел си од фамилијата Комо, се гледаме наскоро“.
Комо во првиот компетативен меч за Комо се повреди, тоа беше дуел од Купот на Италија во кој одигра само 23 минути по кои беше повлечен од игра поради повредата.