Ван Нистелрој останува во Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Холандскиот стратег Руд Ван Нистелрој кој привремено беше на клупата на Манчестер јунајтед и остави добар впечаток би можел да остане во Премиер лигата.

Ван Нистелрој кормилото на „црвените ѓаволи“ го презема по отказот кој го доби Ерик Тен Хаг и воопшто не разочара. Во четири натпревари забележа три победи и едно реми.

Тие четири натпревари за него би можеле да бидат одлична препорка за следниот клуб. Се поврзуваше со Ковентри, но сега може да добие подобра опција.

Англиските медиуми пренесуваат дека во случај да не дојде до некој голем пресврт ќе има тренерски смени во Саутемптон, Вулверхемптон и Кристал Палас. Токму некој од тие три клуба би можел да тргне по потписот на Холанѓанецот.

Но, не треба да се заборави и дека во игра за сите три клувба е и Дејвис Мојс кој исто така сака да се врати во Премиер лигата.

Ван Нистелрој пред да ја добие улогата на помошник во Манчестер јунајтед самостојно го водеше ПСВ со кој во сезоната 2022/2023 освои двојна круна. Како помошник беше дел и од стручниот штаб на Холандија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани