Руд Ван Нистелрој ќе го одработи последниот натпревар како привремен тренер на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
Холанѓанецот зборуваше за приликата која му се укажа, откри дека би сакал да биде главен тренер на Јунајтед, ама сега е фокусиран на работата како помошник.
„Секако дека сакам да бидам менаџер на Јунајтед, на тоа помислив пред да дојдам тука. Знаев дека доаѓањето тука е посебна прилика за мене, сакав да бидам на овој пат со клубот. Имав јасни амбиции да водам, но донесов одлука да потпишам на две години како помошник. Волјата да останам да работам во клубот е посилна од тоа да бидам главен тренер. Горд сум на оствареното тука“, изјави Ван Нистелрој.
Кормилото од понеделник ќе го преземе Рубен Аморим кој викендов ја работи последната средба за Спортинг против Брага. Доаѓа како замена за Ерик Тен Хаг, а останува да видиме дали Ван Нистелрој ќе остане како помошник.