Ван Бисака е многу блиску до трансфер во Вест Хем!

by riste
0 минути читање

Бекот на Манчестер јунајтед ќе се пресели во Вест Хем, се договараат последните детали по што зделката ќе биде комплетирана.

Вест Хем е зафатен во преодниот рок, чеканите ангажираа неколку сериозни засилувања, а следното име кое ќе потпише е Арон ван Бисака.

Двата клуба сакаат денеска да ги финализираат деталите, по што фудбалерот во наредните денови ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани