Екипата на Палмеирас изминатата вечер на свој терен го победи Фламенго со 1:0 во реваншот од Купот на Бразил, но поради поразот во првиот меч од 2:0 не се пласираше во следната фаза. Но, овој натпревар се најде во центарот на вниманието поради една необична ВАР ситуација.
Моментот се случи во 69. минута кога Флако Лопез постигна гол за 2:0, но истиот беше поништен поради недозволена позиција. На таквата судиска одлука од Палмеирас жестоко реагираа.
Посебно незадоволен беше тренерот на овој тим Абел Фереира кој во тие моменти имаше безобразна гестикулација.
Главниот судија Дарончо не ја забележа неговата гестикулација, меѓутоа доби нов повик од ВАР за да види што направил тренерот на Палмеирас. По покажаната снимка на Дарончо не му беше потребно многу да го испрати Фереира на трибините.
Инаку, овој судија на јавноста и е познат и од претходно, а поради својот физички изглед важи за „најсилниот“ судија во светот.
Posts from the futebol
community on Reddit