Буфон: Мислам дека оваа Италија е потценета!

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Италија ќе го брани трофејот на Европското првенство во Германија. „Аѕурите“ нема да имаат лесна задача и не се меѓу фаворитите за освојување на трофејот, но така некако беше и на претходното.

Во пресрет на стартот на турнирот зборуваше Џанлуиџи Буфон. Легендата на Италија сега е на директорска позиција, но е дел од делегацијата, а тој зборуваше за атмосферата во тимот.

„Ме интересираше како ќе се чувствувам во поинаква улога и какви ќе бидат подготовките за еден голем турнир. Чувството е слично како кога бев играч. Адреналинот и фокусираноста расте како што течат припремите, сакам да дадам свој мал придонес и да се надеваме дека во Германија ќе направиме големи работи.

Мислам дека оваа Италија е потценета. Можам да кажам дека момците се доста подготвени на натпреварувачки план, а нивните човечки особини се импресивни. Најмногу ми се допаѓа што сите даваат свој придонес во репрезентацијата. Освен тоа, имаме пет-шест врвни поединци и имаме вистинска екипа за ова натрпеварување“, изјави Буфо.

Италија ќе се судри со селекцијата на Албанија на стартот на Еврошампионатот, додека во групата Б се уште Шпанија и Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани