Бурни пет минути гледаме во реваншот од плуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, откако повеќе од еден час игра не видовме ниту еден погодок од 67-та до 71-та видовме два, по еден во двете мрежи. Сепак, вториот, оној во мрежата на Баерн ВАР го поништи.
Баерн Минхен во 67. минута од натпреварот стигна до предност. Канаѓанецот Дејвис кој на големо во изминатиот период се поврзува со Реал Мадрид со одличен гол по еден продор по својата страна беше стрелец на погодокот.
Само четири минути по овој гол Дејвис по една мешаница во сопствениот шеснаесетник си ја погоди сопствената мрежа, меѓутоа ВАР го поншти овој гол поради прекршок во напад.
Реал ќе се обиде во последните 20-тина минути да дојде до гол со кој би ги вратил работите на почетокот бидејќи првиот дуел помеѓу овие две екипи заврши без победник 2:2.