Добрата работа на управата го доведе Интер во позиција да биде најмоќен тим моментално во Серија А. Ростерот на Симоне Инзаги не се смени драстично, а пристигнаа неколку квалитетни засилувања.
Токму поради тоа, букмејкерите го одредија шампионот како прв фаворит во новата калчо сезона. Според сегашните предикции, Интер е апсолутен фаворит во однос на конкуренцијата и има коефициент 1,80 дека ќе го одбрани трофејот. На второто место скокна Јувентус. Тимот ќе тргне под Тиаго Мота и доведе неколку квалитетни засилувања, а коефициентот дека ќе биде првак е точно 5.
На третото место предност доби Милан кој досега го доведе само Мората и тренерот Фонсека, но работи на повеќе трансфери. „Росонерите“ добија коефициент 7,00. Наполи под водство на Антонио Конте е сместен на четвртото место меѓу фаворитите со коефициент за титула – 9,00.
Зад водечката четворка е освојувачот на Лигата на Европа – Аталанта (25 коефициент), пред Рома (31 коефициент) и Лацио (75 коефициент).