109
Португалскиот гигант Бенфика го промовира новиот тренер за тековната сезона во која ќе се натпреварува на повеќе фронтови.
Нов предводник на „орлите“ од Лисабон ќе биде Бруно Лаж. Португалецот ќе го има својот втор мандат на клупата бидејќи ја водеше Бенфика пред пет години.
И тогаш Лаж среде сезона ја презеде клупата, успеа да ја освои титулата и беше избран за најдобар тренер во сезоната. По Бенфика тој го водеше Вулверхемптон, а последна екипа му беше бразилски Ботафого.
Првиот меч со Бенфика за Бруно Лаж ќе биде дуелот со Санта Клара следниот викенд, а потоа следи гостување во Белград кај Црвена Звезда.