Maнчестер сити вчера го претрпе третиот пораз во само една недела. „Граѓаните“ прво беа поразени во Лига купот од Тотнем, потоа од Бурмот во Премиер лигата и сега од Спортинг.
Против португалскиот шампион, избраниците на Пеп Гвардиола поведоа уште во четвртата минута, но потоа примија четири гола и доживеаа дебакл.
Во овој натпревар Ерлинг Халанд не реализираше и пенал, додека Швеѓанецот, Виктор Ѓекереш на спротивната страна постигна хет-трик и дополнително си ја зголеми цената на „Трансфермаркт“. Според најавите цената на 26-годишниот напаѓач сега изнесува 70 милиони евра.
По натпреварот Фудбалскиот сојуз на Шведска го истакнаа податокот дека Ѓекереш сезонава има 25 гола за клубот и репрезентацијата, а Халанд 17.
⚽️ Gyökeres: 25
— Svensk Fotboll (@svenskfotboll) November 5, 2024
⚽️Haaland: 17@viktor_gyokeres 🫡 https://t.co/8TvSfeKzFJ