За разлика од другото полуфинале, пресметката на Клуб Бриж и Фиорентина во рамките на Конференциската лига ќе се игра денес. Вообичаено за ова натпреварување е натпреварите да се играат в четврток, слично како и во лигата на Европа.
Сепак, УЕФА направи исклучок за реванш полуфиналето кое ќе се игра во Белгија, откако го прифати барањето на домашниот клуб од пред неколку седмици. Причината за играњето на натпреварот в среда наместо в четврток е од религиозни причини.
Имено, в четврток е закажана католичка поворка која ќе минува низ улиците на градот Бриж, а станува збор за поворката под името „Света крв“. Таа секоја година се одржува во чест на Денот на Вознесението кој годинава е на деветти мај.
Дуелот на „Јан Брејдел“ се игра попладнево во 18:45 часот, додека вториот полуфинален дуел е утре кога Олимпијакос ќе ја пречека Астон Вила.