Брест историски во ЛШ, Лориент анулира гол-разлика од седум гола – но пак заврши во Лига 2

by 24 фудбал
1 минути читање

Се спушти завесата во француската Лига 1, а со тоа се решија и сите преостанати дилеми. Директен пласман во Лигата на шампионите пред завршната рунда имаа обезбедено ПСЖ и Монако, а историски им се приклучи Брест по победата над Тулуз (0-3).

Во квалификациите за елитното натпреварување оди Лил по ремито со Ница (2-2), која пак заедно со Лион е директен патник во Лигата на Европа. Последното европско место го освои Ленс и ќе игра квалификации за Конференциската лига.

Лудо беше во трката за опстанок. Во пресрет на последното коло Лориент влезе со три бода помалку и гол разлика од -28, додека Мец имаше разлика од -21. Така, Лориент успеа да го победи Клермон со 5-0, додека Мец загуби од ПСЖ со 0-2.

Гол-разликата дојде на исто, се израмнија на -23, меѓутоа тогаш на сцена стапи меѓусебниот скор. Двата тима по еднаш го победија ривалот минимално, а Мец преживеа поради гол повеќе како гостин во меѓусебните пресметки. Со тоа Мец оди во баражот за опстанок, додека храбриот Лориент ќе игра во Лига 2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани