Брера ја засили дефанзивата со поранешен играч на Црвена звезда

by riste
1 минути читање

Кратко по потврдата дека тренерот Бојан Круљ ќе го води тимот и во новата сезона, Брера промовираше и ново засилување.

Станува збор за искусен дефанзивец, Дарко Лазиќ од Србија кој во својата кариера има играно и за Црвена звезда.

30-годишниот фудбалер во Брера доаѓа како слободен игра откако претходно настапуваше во Борац Бања Лука.

Покрај за Црвена звезда и Борац, Лазиќ има настапувано и за Раднички Ниш, Спартак Суботица, Анжи Махачкала од Русија, Аланиjаспор и Денизлиспор од Турција

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани