123
Македонскиот претставник во младинската Лига на шампионите, екипата на Брера Струмица на премиерниот натпревар во ова натпреварување ремизираше против Сараево од БиХ (2:2).
Во натпреварот кој се играше во Струмица Брера успеа да се врати од два гола негативо и така се е отворено во реваншот. Погодоците со кои дојде до водство од 2:0 босанскиот клуб ги постигна во 37. и 69. минута, а домаќините се вратија во игра со погодокот на Марко Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски го постигна и вториот гол од пенал во 94. минута.
Вториот натпревар е закажан за на 2 октомври во Сараево. Победникот од овој двомеч ќе оди на подобриот од двомечот помеѓу Макаби и Петах Тиква.