Брера се огласи: Не ги избркавме навивачите на Шкендија, не мешајте политика во спортот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Брера Струмица и Шкендија (0-2) го затвори третото коло во Првата македонска фудбалска лига изминатиот викенд.

На гостувањето на стадионот „Младост“ во Струмица допатува група од околу 20 навивачи на Шкендија. Сепак, тие не го дочекаа крајот и за време на мечот беа изнесени од трибината. Се зборуваше дека организаторот тоа го направи поради истакнување на албанското знаме, а сега Брера испрати соопштение со кое го демантира тоа.

Во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран на 25 август помеѓу Брера Струмица и Шкендија и обидот да некој ја вмеша политиката таму каде не и е местото, сакаме да ја информираме јавноста во име на вистината дека малата група на симпатизери на ФК Шкендија не повеќе од 25, не беа избркани од стадионот, ни од полицијата, ниту од ФК Брера Струмица како домаќин. Напротив навивачите по нивна одлука сами го напуштија стадионот. Напоменуваме дека ФК Брера Струмица секогаш е пример за одличен домаќин на сите екипи и навивачки групи без разлика на етничка припадност. Политиката нема место на спортските терени, а тие што сакаат етнички поделби подалеку од фудбалот. Информации околу настанот јавноста нека биде инфоормирана од надлежните институции на ФФМ“, стои во соопштението на струмичани.

Фитон Адеми беше херојот на Шкендија кој со два погодоци донесе победа во Струмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани