Брера падна во Сараево и беше елиминирана од младинската ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Младинската екипа на Брера Струмица доживеаја елиминација во УЕФА Лигата на млади, откако го загубија вториот натпревар од Сараево (2-0).

Македонскиот шампион одигра добар домашен натпревар, нерешени 2-2 во Струмица, но немаше сили за изненадување на гостувањето во Босна и Херцеговина.

Не одигра лошо Брера ниту во Сараево, парираше и беше рамноправен ривал долго во мечот. Голови немаше до 56. минута кога Игнатков донесе водство, а потоа Ристов доби втор жолт картон и беше исклучен. Во финишот Хамзиќ ја удвои предноста и Босанците дојдоа до победата.

Овој пораз значи крај за младинците на Брера во младинската Лига на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани