Брера продолжува со активностите во летниот преоден рок, струмичкиот клуб го продолжи договорот со 21-годишниот голман Филип Купанов, а објави дека фудбалерот од средниот ред, Горан Томовски по седум години заминува од клубот.
„21 годишниот голман Филип Купанов и во наредната натпреварувачка сезона ќе биде чувар на мрежата на нашиот прв тим. Тој го продолжи договорот со нашиот клуб и полека се наметнува на ова позиција на која со својот темперамент и одлични голмански вештини знае да биде енигма за противничките фудбалери.
Купанов во нашиот клуб дојде во 2017 година а од 2021 година е дел од првиот тим. Истата година една половина сезона беше го отстапивме во радовишки Детонит а следната 2022 година исто така една полусезона беше во Беласица за да од стартот на 2023 година е стандарден првотимец во нашиот клуб.
Во последната натпреварувачка сезона Филип Купанов четири пати беше чувар на мрежата на Брера и тоа двапати во дуелот со Шкендија против која ремизиравме и забележавме пораз, против Гостивар со која ремизиравме и Македонија ЃП против која славевме со 5:3“, стои во соопштението на Брера за продолжувањето на соработката со Купанов.
Струмичкиот клуб, денеска му се заблагодари на Горан Томовски кој седум години беше дел од Брера.
„25 годишниот струмичанец Горан Томовски , кој остави белег во развојот на Академија Пандев сега Брера Струмица е слободен играч. Тој во нашиот клуб беше од 2018 година и речиси во сите натпреварувачки сезони, беше дел од првиот тим. Томовски со своето однесување на фудбалските терени но и надвор од нив беше вистински промотор на клубот и максимално се залагаше за подобри резултати.
Во седумте првенствени сезони Горан Томовски за нашиот прв тим има реализирано 113 настапи а трипати се запиша и како стрелец. Во последната натпреварувачка сезона на своето конто запиша 13 првенствени настапи во кои повторно ги истакна своие играчки способности.
Важи за скромна личност, но на терените лидер – фудбалер кој сака да се докажува и мотивар за тимската игра . Контуинирано даваше максимум на фудбалските терени и беш еден од носителите на Брера во текот на сите сезони. Томовски беше од првиот ден на основањето на клубот во кој стана синоним како се сака клуб“, велат од Брера.