Брера „ги запали моторите“ за новата сезона, тимот има високи амбиции во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Брера Струмица ги започнаа подготовките за новата сезона во ПМФЛ. Тренерот Бојан Круљ го свика првиот тренинг и ги подели првите совети на почетокот на летото.

На теренот на СЦ „Горан Пандев“ струмичани започнаа со новата мисија за следната прволигашка сезона во мак-фудбалот. Круљ на првиот собир ги имаше сите фудбалери освен Цветановски, Ристевски и Руфати кои заминаа од Брера. Во овој период пред стартот на сезоната шанса ќе добијат дури десет младинци кои треба да се изборат за да бидат дел од ротацијата на клубот за следната сезона.

Своето мислење и очекувања за следната сезона и од подготвките го изнесе српскиот тренер.

„Тргнавме во подготовките за новата сезона, она што мене ми е важно е дека 90% од играчите беа тука на првиот собир. Приклучивме доста младинци и кадети. Со нас не се Цветановски, Руфати и Ристевски кои заменаа, а ќе видиме што ќе биде со Томовски. Припремите се закажани за 10 јули, каде што ќе играме против квалитетни противници. Се надевам дека следната сезона ќе бидеме доста поконкурентни. Мило ми е дека Брера го зачува костурот на екипата, а имаме неколку засилувања во глава. Јас се надевам на поголем успех, тоа е пласман меѓу првите три екипи во ПМФЛ“, изјави Круљ.

Подготовките на Брера ќе се одвиваат во Струмица и од 10 јули се заминува во Банско каде што ќе се одиграат квалитетни пријателски натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани