Брегалница славеше кај Новаци, Победа го наполни Борец

by riste
1 минути читање

Денеска се одиграа шест натпревари од второто коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Брегалница со 2-0 славеше на гостувањето кај Новаци, Победа го прегази Борец триумфирајќи со 5-0.

Брегалница која има амбиции за експресно враќање меѓу најдобрите, со две победи од две кола ја почна сезоната.

Штипјани денеска беа подобри од Новаци победувајќи го со 2-0 на негов терен.

Најубедлива беше Победа која со 5-0 го растури Борец кој оваа сезона се врати во втората лига, но се чини дека ќе води борба за опстанок во ова друштво.

Во најефикасниот натпревар денеска, Арсими со 4-2 славеше на гостувањето кај Охрид. Гостински триумф забележаа и Кожуф кој со 3-1 победи кај Вардарски, како и Детонит кој со 2-0 ја совлада Саса во Каменица.

Вардар Неготино и Беласица одиграа 2-2, нерешено заврши и дуелот меѓу Осогово и Скопје, во Кочани беше 1-1.

Утре од 16 часот се игра дуелот меѓу Башкими и Македонија Ѓорче Петров, последен меч од ова коло.

Резултати 2. коло:

Саса – Детонит 0-2
Новаци – Брегалница 0-2
Охрид – Арсими 2-4
Осогово – Скопје 1-1
Победа – Борец 5-0
Вардар Неготино – Беласица 2-2
Вардарски – Кожуф 1-3

Утре 16 часот

Башкими – Македонија ЃП

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани