Брегалница гради тим за враќање во ПМФЛ, промовира три засилување

by 24 фудбал
0 минути читање

Брегалница посакува експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата година доживеа релегација меѓу второлигашите.

Клубот за таа цел промовира три засилувања за првиот тим во имињата на Зоран Ивановски, Давид Стојков и Грегори Давков.

Ивановски пристигнува од редовите на Детонит Плачковица и игра како десно крило. Стојков пак имаше настапи за Беласица и Тиквеш, а настапува на дефанзивните позиции на теренот. Засилување за левата бековска позиција е Давков кој во Бреганица пристигна од Кожуф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани