Браќата Вилијамс му донесоа три бода на Билбао, две асистенции на Нико, два гола на Ињаки! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Атлетик Билбао со победа од 2-0 се враќа од гостувањето кај Хетафе и покрај тоа што играше повеќе од половина час со фудбалер помалку.

Во центарот на вниманието беа браќања Вилијамс, Нико беше асистент за двата гола, а Ињаки беше двоен стрелец. Првиот погодок беше постигнат во 27. минута, а вториот по шест минути игра во второто полувреме.

Во 58. минута Алварез заработи црвен картон, Билбао остана со фудбалер помалку, но издржа до крајот да не прими гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани