Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави составот на „кариоките“ за Копа Америка, на списокот со 23 имиња нема место за најскапите ѕвезди како Нејмар, Антони, Ришарлисон и Касемиро.
Бразил без најскапите ѕвезди ќе се обиде да стигне до триумф на Копа Америка, првенство кое летово ќе се игра во САД.
Доривал Жуниор денеска го објави составот на „кариоките“, селекторот реши да не смета на играчи како Нејмар, Антони, Ришарлисон или Касемиро.
Главна ѕвезда ќе биде Винисиус Жуниор од Реал Мадрид, а шанса доби и 17 годишниот Ендрик, кој треба да биде следното големо фудбалско име.
Brazil full list for Copa América 2024.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 10, 2024
Richarlison, Casemiro, Matheus Cunha, Gabriel Jesus, Bremer, Carlos Augusto are . pic.twitter.com/82zqk2mleY