444
По девет години минати во клубот од Торино, Алекс Сандро по крајот на сезоната ќе замине од редовите на Јувентус.
Искусниот бразилски бек се реши дека е време за напуштање на „старата дама“, откако во 2015 година пристигна од Порто. Сезонава Сандро е во втор план и запиша само 17 настапи за Јувентус, па тоа веројатно е мотив плус за нов предизвик.
33-годишникот веројатно има две опции за продолжението на кариерата. Едната е секако враќање во родниот Бразил од каде има понуда од Сао Пауло, додека постои можност и да се врати во редовите на Порто и да остане во европскиот фудбал.
Во дресот на Јувентус, Алекс Сандро запиша 326 настапи и постигна 15 погодоци, а 32 пати им асистираше на соиграчите.