178
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Бразилецот Алекс Сандро пронајде нов ангажман и во актуелната сезона ќе го носи дресот на Фламенго.
Сандро помина 13 години во Европа, а сега одлучи да се врати во татковината. Во Европа бразилскиот бек покрај Јувентус настапуваше и за Порто, додека во неговата татковина по една сезона одигра во Депортиво Малдонадо и Сантос.
Со тимот на Фламенго сега потпиша договор со важност до 2026 година. Сандро долго време беше и репрезентативец на Бразил за кој одигра 40 натпревари и постигна два гола.