На стадионот Монументал во Буенос Аирес, Аргентина, Ботафого за првпат во својата историја го освои Копа Либертадорес откако со 3-1 го победија Атлетико Минеиро и покрај тоа што уште од првата минута играат со фудбалер помалку поради црвен картон.
Спеткакуларно финале со необичен тек по кое Ботафого испиша клупска историја.
Мечот почна шокантно, по само неколку секунди игра фудбалерот на Ботафого, Грегоре направи остар старт за кој доби директен црвен картон, фудбалерите на Атлетико Минеиро имаа играч повеќе во текот на целиот меч, но попусто.
Tu que han expulsado a Gregore del Botafogo empezando la final de la Libertadores ☠️pic.twitter.com/o25yY0LqHb
— Jeff (@JeffFcb14) November 30, 2024
Во 35. минута Луис Енрике даде гол за водство на Ботафого од 1-0, а неколку минути подоцна врз него беше направен пенал кој го реализираше Телес за предност и од 2-0.
По само две минути игра во второто полувреме по асистенција на Хулк, Едуардо Варгас даде гол за 2-1.
Атлетико Минеиро постојано напаѓаше, со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, во финишот Едуардо Варгас промаши две големи шанси.
А откако не успеаа да направат ништо, Жуниор Сантос во 97. минута даде гол за конечни 3-1 за Ботафого.
Botafogo gana la Libertadores jugando todo el partido con uno menos 🤯pic.twitter.com/q1S3VA1PjD
— Jeff (@JeffFcb14) November 30, 2024
Големото славје можеше да почне, ден каков што првпат се случува во историјата на Ботафого.