Фудбалерите на Гостивар и Вардар ремизираа (1-1), во рамките на меч од петтата рунда во елитниот шампиона на Македонија. Домашните мечеви гостиварчани ги играат на теренот во Маџари, „Борис Трајковски“, а за овој натпревар реши да се игра зад затворени врати.
Околу случувањата на теренот, Гостивар одигра подобро полувреме, имаше неколку добри обиди, па дојде до предност преку Алдаир во 27. минута од средбата. Долго време беше активен овој резултат на семафорот. Потоа во второто полувреме Вардар успеа да се наметне, се виде промената во темпото на играта, а на крајот дојде и до бод.
Страшен гол постигна засилувањето Немања Босанчиќ, бидејќи стрела директно од слободен удар за 1-1 во 85. минута. Српскиот фудбалер покажа зошто е доведен уште на своето и дебито на тренерот Захариевски.
Голем бод освои екипата на Пелистер во дуелот против шампионот Струга (1-1). За гостите во Битола погоди Кехинде, а пред полувремето Радиќ си ја стресе сопствената мрежа за израмнување.
Дербито на колото на „Чаир“ меѓу Шкупи и Шкендија заврши без победник (1-1). Канда пред полувремето донесе предност за Шкупи, а по еден час игра израмни Клинсман Цаке.
На останатите терени Силекс со головите на Ѓорѓиевски, Кочоски и Николиќ убедливо слави кај Воска (0-3), Работнички беше подобар од Тиквеш (3-1), а во најефикасниот меч ова попладне Брера со 3-2 ја совлада Беса во Струмица.