Фудбалерите на Маинц 05 запишаа злато вредна победа во претпоследното коло на Бундеслигата и тоа против големата Борусија Дортмунд со убедливи 3-0 (3-0). Сепак, мора да се нагласи дека гостинот на „Мева Арена“ истрча со втор состав и беше апсолутно немотивиран, а тоа домаќинот знаеше да го искористи и направи крупен исчекор кон опстанокот.
Маинц со три гола за десетина минути си направи предност која потоа рутински ја одбрани. Резултатот го одговори Бареиро во 12. минута од средбата, а потоа се истакна Ли Јае-Сунг кој беше двоен стрелец во 19. и 23. До крајот Борусија успеа еднаш да ја стресе домашната мрежа, меѓутоа голот на Мукоко беше поништен поради офсајд.
Во пресрет на последното коло Маинц има два бода предност во однос на Унион Берлин кој е шеснаесетти на позицијата која води во баражот. На завршницата од сезоната Маинц гостува кај немотивираниот Волфсбург и му одговара и бод, додека Унион е домаќин на Фрајбург кој брка место во евро-куповите.