Борнмут и Челси беа многу „немирни“, судијата Тејлор влезе во аналите на Премиер лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Борнмут и Челси на „Виталити“ заврши со релативно среќна победа за гостите од 0-1, но ќе влезе во историјата на Премиер лигата.

Причината за такво нешто беше дисциплината на фудбалерите, односно казните до нив од главниот судија Ентони Тејлор. Славниот англиски арбитар влезе во аналите на Премиер лигата, бидејќи додели дури 14 жолти картони!

На теренот за Челси пожолтеа Фофана, Кукуреља, Санчез, Џексон, Колвил, Санчо, Веига и Феликс. Од друга страна кај Борнмут опоменати беа Кристи, Кук, Смит, Клајверт, Сенеси и Семенио.

Освен фудбалерите, жолти картони добија и двајцата тренери Ираола и Мареска.

Ентони Тејлор стана рекордер, бидејќи го сруши рекордот на Питер Бенкс кој претходната сезона покажа 13 жолти картони во победата на Тотнем над Шефилд Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани