Бормут не штеди пари: Договори бразилски репрезентативец од 47 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Досегашниот фудбалер на Порто и бразилски репрезентативец, Еванилсон кариерата ќе ја продолжи во Бормут.

Според најавите Еванилсон до крајот на денот би требало да пристигне во Англија каде што ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише повеќегодишен договор со Бормут.

Англискиот тим се согласил да плати оштета од 47 милиони евра, а португалскиот клуб успеа да договор и право на 10% од сумата од следниот трансфер на бразилскиот фудбалер.

Еванилсон во Порто пристигна во 2020 година и од тој момент одигра 42 натпревари и постигна 25 голови. За репрезентацијата на Бразил дебитираше оваа година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани