200
Фудбалерите на Турција први успеаја да постигнат погодок во натпреварот против Грузија од групата Ф на Европското првенство.
Десниот бек Мерт Мулдур изведе мајсторија, бидејќи една лошо одбиена топка ја дочека на волеј и испрати вистинска „бомба“ во мрежата на Мамардашвили. Мулдур биеше неодбранливо во поблискиот агол.
Бргу потоа Турците имаа поништен гол преку Кенан Јилдиз, додека Грузијците успеаја да израмнат со голот на Микаутадзе седум минути по примениот погодок.