197
Калафиори е пред трансфер во Арсенал, па Болоња сака да донесе квалитетно засилување на неговата позиција, изборот е на Матс Хумелс.
Иако имаше фантастични партии за Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, Матс Хумелс не го продолжи договорот со клубот поради недозразбирања со тренерот Терзиќ.
Тој замина како слободен играч и сега е во потрага по нов клуб. Бундеслигата ја отфрли како опција поради тоа што не сака да игра во клуб кој е противник на Борусија Дортмунд, а за него интерес имаше од Леверкузен.
Повеќе клубови се интересираат за Хумелс, а еден од оние кои најмногу го сакаат е Болоња, која во Германецот гледа идеално засилување кое име искуство за натпреварување како Лигата на шампионите.