156
Болоња води во трката по потписот на Бојан Миовски, Македонецот не само што е пред шанса да заигра во Серија А, туку тоа да биде и за тим кој настапува во Лигата на шампионите.
Во наредните денови Болоња треба да комплетира две големи продажби, ќе заминат Зиркзе и Калафиори.
Миовски треба да го засили нападот на Болоња, но засега италијанскиот клуб не ја нуди сумата која ја бара Абердин, а таа изнесува меѓу 7 и 8 милиони евра.
Се очекува во наредниот период двата клуба да ги интензивираат преговорите и да се обидат да дојдат до компромис.