Болоња договори друг напаѓач, се откажува ли од Миовски?

by riste
1 минути читање

Болоња и Тулуз си подадоа рака за холандскиот напаѓач Тијс Далинга кој треба да биде наследникот на Џошуа Зиркзе кој замина во Манчестер јунајтед.

Италијанскиот клуб за Далинга на Тулуз ќе му плати 12 милиони евра плус бонуси.

Трансферот е целосно договорен, а во наредните денови ќе биде и официјално објавен откако ќе бидат завршени сите формалности.

Ангажманот на Далинга може да значи крај на интересот на Болоња за нашиот Бојан Миовски.

Интерес за Македонецот има и од Џенова. Засега Миовски не настапува за Абердин, шкотскиот клуб го чува за продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани